Нутритивно богата салата
Потребно е
✅2 главици корен од целер
✅праз еден страк
✅магдонос, целер, копар
✅лимон
✅мандарини 2
✅1 л. маслиново масло
✅сол, куркума, црн пипер,црвен пипер
✅црвен кромид
Подготовка
Коренот од целерот излупете го и исечете на мали коцки. Зелениот дел исто измијте го и ситно исецкајте.
Во тава ставете маслиново масло и коцки корен од целер, праз исецкан на кругови, ситно исецкан магдонос, целер, копар. Зачинете со куркума и црн пипер. Исцедете го сокот од мандарини и додадете го на целерот и оставете да се крчка да омекне.