Ракчиња со лук

541

Потребно е:
✅Ракчиња
✅Лимон
✅Лук
✅Маслиново масло
✅Магдонос
✅црвен бибер, црн бибер, сол
✅маслиново масло

Чистење на ракчиња:
Почнете од горниот дел, отстранете ја главата со показалецот и палецот, повлекувајки ја школката (кожата) полека до опашката. Потоа извлечете ја опашката со показалецот и палецот држејќи го цврсто ракчето. Со оштар нож на средина направете рез и извадете ја жилата, односно вената.

Подготовка
Измијте ги ракчињата.
Во тава ставете маслиново масло. Кога ќе се загрее ставете ситно исецкан лук. Пропржете малку но внимавајте да не изгори. Додадете ги ракчињата и мешајте . Додадете црвен бибер, сол, црн бибер. Потоа додадете сок од еден лимон. По неколку минути кога ќе бидат готови тргнете ја тавата од огинот и додадете ситно исецкан магдонос.

Нутритивна вредност на 100 гр ракчиња( свежи)

Калории 106
Јаглехидрати 0.9 гр
Масти 1.7 гр
Протеини 20.3 гр