Работна средба за отварање на Едукативен Центар за дијабетес

609
Почитувани,
Сакаме да ве известиме дека на работна средба со проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести, Скопје и проф. д-р Елена Шукарова Ангеловска од Одделот за ендокринологија, БАЛАНС МК го поднесе Барањето со предлог-проект, за отварање на Едукативен Центар за дијабетес во склоп на Одделот за ендокринологија на споменатата клиника.
Најголемиот и примарен бенефит од овој Центар ќе го имаат нашите деца со ендокринолошки заболувања, како дијабетес тип 1 и нарушување на растот.
Во таа смисла недвосмислена согласност даде и директорката на детската клиника д-р Софијанова, а ние како пациентски здруженија се надеваме во што побрз конечен епилог и во правно-процедуралното заокружување на овој процес и искрено веруваме во можностите за отварање на функционален Едукативен Центар при Детската клиника какви што постојат и функционираат скоро во сите европски земји, а кој што е суштинска потреба за оваа најголема група на хронично болни деца во државата, како и во идна отворена соработка помеѓу медицинската фела, пациентските здруженија и идните корисници на Центарот.
Во тек ќе бидат донаторски средби и настани, а преку кои нашите пациентски организации просторот кој начелно на работната средба го лоциравме за оваа намена во склоп на клиниката, ќе го уредиме по сите светски стандарди.
Извор Баланс Мк-асоциjација за детски дијабетес