Путер од кикирики

533

 Потребно е:
250 гр непечени кикирики
2 лажици мед
1-2 лажици ладно цедено масло од сусам
40-50 мл млеко од бадеми

Подготовка
Кикириките печете ги на 250 степени околу 5 минути. Секоја рерна е различна затоа внимавајте да не изгорат. Мешајте секоја минута. Топли ставете ги во блендер за да го пуштат природно своето масло. Доколку имате јак блендер нема да ви треба долго време. Јас морав малку подолго! Додадете го бадемовото млеко и бледирајте додека не добиете кремаста маса. Доколку сакате по течно ставете малку повеќе бадемово млеко и ставете го блендерот на нај јако. Послужете со јаболко .
Внимавајте на количината што ќе ја изедете бидејќи кикириките се доста калорични.

Во 100 грама кикирики има 562 ккалории 16 гр јаглехидрати 8.4 гр растителни влакна 25.6 гр. протеини 48.9 гр масти Кикириките се богати со “здрави масти”. Содржат биотин, фолна киселина, бакар, магнезиум