Пудинг со овес, шумско овошје и какао

670

Здрав појадок или ужина

Потребно е

3 лажици овес
3 лажици пасирана банана
1 чаша вода
3 полни лажици капини
3 полни лажици боровинки
1 лажица какао

Подготовка

Овесот варете го само две минути, додадете ја пасираната банана и какаото и мешајте постојано.Тргнете од огинот. Кога ќе се олади додадете го шумското овошје

5 причини за употреба на какаото

  1. Добро е за вашите коски : какаото е богато со калциум
  2. Одржување на крвниот притисок: истражувањата покажуваат дека фитонутриенти кои се наоѓаат во суровото какао се навистина добри за одржување на крвниот притисок.
  3. Добро е за вашето срце: Еден од фитонутриентите што се наоѓаат во какаото се флаваноидите кои имаат анти-воспалителни и заштитни својства на срцето
  4. Добар растителен извор на железо
  5. Богат со антиоксиданти

 

 

Нутритивна вредност

Калории 147
Јаглехидрати  31гр од кои
Растителни влакна 7 гр
Протеини 4 гр
Масти 2 гр.

 

Посебна нутритивна вредност

Овес  3 лажици 9 гр јаглехидрати  58 калории
Банана 3 лажици 9 гр јаглехидрати 38 калории
Капини 3 лажици 1 гр јахлехидрати 12 калории
Боровинки 3 лажици 4 гр јаглехидрати 20 калории
Какао 1 лажица 1 гр јаглехидрати  20 калории