Пудинг од киноа со кокосово млеко

591

Потребно е:
✅1 чашa киноа (180 гр)
✅5 чаши млеко (1 л.)
✅пире од 6 урми
✅1 лажица мед (опционално)

Подготовка

Кионата измијте ја со вода и измешајте со кокосово млеко и варете на тивок огин. Додадете пире од урми наместо шеќер
Мешајте на секои 5 минути додека се свари(околу 20 -25 минути)
На крај доколку сакате малку послатко додадете една лажица мед. Блендирајте додека се направи кремаста смеса. Посипете со цимет

Нутритивна вредност на 1 чаша киноа(180 гр) и 1 л. Кокосово млеко:
Ккалории 815
Јаглехидрати 135 гр
Масти 12.3 гр
Протеини 34 гр

Семо некои видови протеини од растително потекло може да бидат целосни. Киноата е една од тие!