Тортиља од црвена леќа со туна и зелена свежа салата
Потребно е
✅1 мала чаша црвена леќа
✅2 мали чаши вода
✅туна
✅свежа зелена салата
Подготовка
Покиснете ја леќата со вода оставете да отстои (најмалку 5-6 часа)
Следниот ден блендирајте додека се направи кремаста смеса. Додадете малку сол и ким.
Во тава намачкана со малку масло печете ја тортиљата од двете страни. Туната измешајте ја со зелена свежа салата и филувајте ја тортиљата. Сервирајте со свежа салата