Потребно е
✅300 гр варен црвен грав
✅1 кромид
✅2 чешни лук
✅1 јајце
✅2 л. интегрално пченкарно брашно
✅сол, црн пипер, ким, нане
Подготовка
Гравот сварете го. Исцедете и повторно со друга вода варете уште 5 минути. Оставете да отстои преку ноќ.
Следниот ден блендирајте ги сите состојки. Плехот за печење обложете го со хартија за печење и со лажица дадете облик на секоја плескавица
Печете на 200с околу 30 минути
Плескавиците послужете ги со ајсберг салата зачинета со сок од лимон и маслиново масло.
Лимонот е богат со витамин ц кој овозможува подобра апсорпција на железото од гравот.
Гравот е богат со растителни влакна и со протеини од растително потекло, железо, магнезиум, Б6.
Доколку не јадете месо ова е одлична замена.
Нутритивна вредност
Вкупно
Калории 365
Јаглехидрати 49 гр од кои
Растителни влакна 35 гр
Масти 6 гр
Протеини 28 гр