Пица со овесни снегулки и јајца

795

Потребно е
За тестото
4 јајца
6 с.л овесни снегулки
1 грст спанаќ(може и блитва)
1 с.маслиново масло
2 с.л оризово млеко(може било кое)
1 м.л пециво
сол

Фил
Маслинки без семки
Печурки
Кашкавал 3-4 лаж
орегано, суво нане, бибер

Подготовка

Се матат со рачна маталка јајцата и се додадаваат овесот, спанаќот и другите состојки. Садот за печење се обложува со хартија за печење и на 180с се пече неколку минути(зависно од рерна) додека не стане жолтеникава боја (околу 10-15 минути) Се вади од рерна се става филот и се враќа во рерна но овој пат ќе ја зголемите температурата на 200с. Се пече 5-8 минути, повторно согласно вашата рерна. Доколку не јадете млечни производи можете да ставите домат, пиперки, тофу наместо кашкавал. 8Рецептот е на Д.К Овесот е богат со бета глукан (β-Glucans )активатор на нашиот имун систем и е богат со растителни влакна.
Нутритивна вредност 🔎на 100 гр овес е 389 ккалори 66.3 гр јаглехидрати 11.6 гр растителни влакна 16.9 гр протеини 6.9 гр масти Богат е со : Витамин В1, Пантотенска киселина,калциум, железо, магнезиум, фосфор, манган, калиум и др