Пита од зеленчук

546

Потребно е

1 чаша варен наут
1 тиквица
1 зелена пиперка
1 морков
1 помал модар патлиџан
1 јајце
2 лажици полуварен интегрален ориз
сусам, црно семе
зачини: сол, куркума, бибер, ким

Подготовка

Наутот покиснете го да отстои преку ноќ. Можете и наутро пред да тргнете на работа да ставите да се вари само 5 минути. Тргнете од рингла и оставете да отстои додека се вратите ќе биде готов за употреба. Измешајте ги сите состојки во блендер додека не добиете кремаста маса и на крај додадете го оризот за да ја упие малку течноста. Јас користев интегрален полу варен ориз. Печете во сад кој е обложен со хартија за печење. Печете на 180с првите 15 минути а потоа зголемете ја температурата на 200с . Печете околу 45 минути или зависно од рерната додека не добие златеста боја Нутритивна вредност на 100 гр. наут 353 ккалории 59.5 гр јаглехидрати 17.6 радтителни влакна 19.8 протеини 5.5 масти Наутот е важен извор на протеини. Богат е со растителни влакна, железо, манган, цинк, магнезиум и др