Печурки со карфиол и пармезан

558

Ниско калоричен нутритивно богат ручек.

Ситно исецканиот карфиол варете го 2 минути, исцедете оставете на страна.
Печурките гответе ги на тава со мала лажица маслиново масло. Кога ќе омекнат измешајте ги со карфиолот и ставете во мала тепсија. Додадете рендан пармезан , сол, босилек, магдонос и измешајте и ставете во загреана рерна на 200с да фати кора (околу 10 минути)

Ви прилог марула, чери домат, копар, магдонос

Оброкот содржи растителни протеини, масти, фолна киселина, магнезиум, фосфор, калиум, витамин Б1, Б2,Б3,Б6,Б9, витамин Ц и др.