Во нашето поднебје повеќе се користи семето на анасон за чаеви. Но исто така месестиот дел или трупката е доста вкусен.
Денес ќе подготвиме печен анасон посипан со лебни трошки
Потребно е
✅Анасон
✅лук
✅ѓумбир
✅1 л путер
✅лебни трошки
✅маслиниво масло
Анасонот исечете го на кришки. Листовите оставете ги за да украсите.
Посипете со една лажица маслиново масло, сол, бибер и печете на 200 с околу 35 минути
Во една тава ставете една лажица путер и испржете ситно сецкан свеж ѓумбир, лук, сол, бибер и лебни трошки.(лебните трошки можете сами да си ги сомелете од интегрален потпечен леб во рерна)
Кога ќе се испече анасонот посипете со лебните трошки
Анасонот е богат со растителни влакна, го стимулира варењето и прави да се чувствувате добро дури и после голем оброк.