ПРИЧИНИ ЗА НЕСТАБИЛЕН BRITTLE ДИЈАБЕТЕС

289

Лоша контрола на третманот, недостиг на знаење и вештина.
Несоодветно прилагодување на оброците, физичката активност и инсулинското
дозирање.
Постојано менување на третманот.
Психолошки фактори: недостиг на мотивација, конфликти, поретко манипулација
со инсулинската доза.
Нерегуларна, тешка физичка активност.
Несоодветно дозирање, ексцесивни дози (прекумерен третман на хипергликемијата) и реактивна хипогликемија.
Пред менструалниот циклус потребата за инсулин често се зголемува, но кај некои
пациенти се намалува.
Тешки коморбидитети (бубрежна слабост, дисфункција на гастроинтестиналниот
тракт).
Ендокрини нарушувања: хипо или хипертироидизам, Addison-ова болест.
Анорексија или булимија
Инсулински антитела можат да предизвикаат неочекувани хипогликемии. Треба да
се одредат инсулински антитела ако нема други очигледни причини за хипогликемијата.
Системски болести.
Идиопатска лабилност. Типичен пациент е млада, дебела жена.
ИСПИТУВАЊА ЗА НЕСТАБИЛЕН BRITTLE ДИЈАБЕТЕС
Се испитува за вистинските животни навики (физичка активност, оброци) и инсулинско дозирање.
Се разгледува семејната и социјалната состојба.
Се прашува за мислењето на пациентот.
Внимателно се анализира дневникот на пациентот за домашно мониторирање.
Се гледаат знаци за ендокрино нарушување (се одредува серумски TSH, калиум,
натриум, кортизол).
Се следи систематично плазматската глукоза подолг временски период. Животните
навики и третманот треба да останат непорменети во тек на следењето.
Се размислува за префрлување на пациентот на специјалист ако неможе да се
отстрани причината за лабилноста (набљудување во болница?).
Домашно одредување на плазматска глукоза.

Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика https://www.thefitindian.com/blog/how-to-control-brittle-diabetes-effective-ways-to-manage-sugar-levels-through-diet/