Дозата на базалниот инсулин треба да покрие 50–60% од дневната доза; преку
70% е премногу.
Инсулинот гларгине обично се дава во една дневна доза, а NPH базалниот инсулин
треба да се дава во најмалку две, пожелно три, или до четири дози за да се обезбеди најдобро и најконтинуирано можно делување.
Инсулинските дози пред оброк треба да се прилагодуваат земајќи го предвид јагленохидратниот внес.
Не го менувај инсулинскиот режим ако функционира добро!
Ако HbA1c е висок и сите нивои на плазматска глукоза се високи, зголеми ја дневната доза (особено базалните инсулински дози ако се прениски).
Тогаш корегирај ги глукозните нивои после прекуноќно гладување за да ја достигнат целта со прилагодување на времето и ритамот на дозирање на долго-делувачкиот инсулин.
Следно, корегирај ги нивоите на крвниот шеќер пред оброк до целна вредност почнувајќи со она пред ручек.
Ако HbA1c сеуште е висок, треба да се провери следново
Веродостојноста на техниката на мерење на крвниот шеќер
Техниката на инсјкетирање и местата (липохипертрофија)
Нивоата на крвниот шеќер по оброците и околу полноќ
Инсулинот пред оброк и јагленохидратниот внес
Односот на базалниот инсулин и дневната доза
Адекватноста на тоталната дневна доза
Најниската доза која функционира е исправна дневна доза.
Кога SMPG повторувано покажува целни вредности на крвниот шеќер, користената
дневна доза е (обично) доволна и треба да се корегира времето на давање.
Кога SMPG покажува хипогликемиски вредности, дневната доза (обично) треба да
се зголеми.
ТЕХНИКИ НА ИНЈЕКТИРАЊЕ
Подигни кожен набор да се осигура субкутана (НЕ интрамускулна) инјекција.
Избегнувај тврди места на кожата.
Не го менувај местото на инјектирање нередовно, но следи го утврдениот план.
Не инјектирај во раката.
Инјектирај брзо-делувачки инсулински аналог под кожата на абдоменот непосредно пред, или веднаш после оброкот. Кај деца, инјекцијата после оброк е добра
опција, бидејќи тогаш е познат реалниот внес на храна. Инјектирај кратко-делувачки инсулин 20-30 минути пред оброк. Долго-делувачкиот инсулин треба да се
инјектира во надколениците или задникот.
Треба да се објасни на пациентот за забрзувачкиот ефект на физичката активност
и успорувачкиот ефект на студот на апсорпцијата на инсулинот.
Ист шприц и игла може да се употребува 4–6 пати или 2-3 дена. Ако брзо-делувачкиот или кратко-делувачкиот и долго-делувачкиот инсулин се инјектираат одвоено,
треба да се употребуваат различни игли (не истата игла алтернативно за било
брзо- или кратко- или долго-делувачкиот инсулин).
Не се препорачуваат инјектори без игла бидејќи апсорпцијата на инсулинот е многу
варијабилна.
Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика https://medlineplus.gov/diabetes.html