Омлет со праз, спанаќ и киноа

516

Лесен за подготовка нутритивно богат ручек

Потребно е
✅1 страк праз
✅1 шака спанаќ
✅1/2 китка магдонос
✅1 црвена печена лупена пиперка
✅4 лажици варена киноа
✅3 јајца
✅зачини: сол, куркума, црн бибер
✅1 л маслиново масло

Подготовка
Празот се сецка ситно и се пропржува со една лажица маслиново масло
Се додадава ситно сецкан спанаќ и магдонос. Потоа додадете ситно исецкана црвена пиперка. Во друг сад измешајте варена киноа со 3 јајца. Омлетот печете го на тивок оган. Кога ќе фати кора со помош на сад/капак завртете од другата страна и оставете да се допече уште неколку минути.

Најдобар сооднос за овој омлет на варена киноа е:
Киноа:Вода 1: 1 1/3
Ставете во еден сад 100 гр киноа и 175 мл вода. Ставете да се вари околу 10-15 минути. Исклучете, тргнете од оганот и оставете со затворен капак да се олади