Во тек е набавка на системи за континуирано следење на гликемија, а до крајот на оваа година 500 деца со дијабетес во Македонија ќе имаат сензори – истакна министерот за здравство на РС Македонија, на вчерашното одбележување на Светскиот ден на дијабетесот и јубилејот – 100 години инсулин.
Заложбите на Баланс Мк не престануваат тука, системите кои обезбедуваат подобра гликемиска контрола треба да бидат достапни за сите лица со тип 1 дијабетес во Македонија, а за што министерот рече дека во наредниот период ќе продолжи да работи.
Министерот Венко Филипче изјави:
Моја лична заложба од почетокот на мојата работа како министер е лицата со дијабет што полесно и поквалитетно да го живеат животот и да обезбедиме превенција која е многу важна. Во ова успеваме, обезбедивме инсулин со врвен квалитет за сите пациенти, а особено ги подобруваме условите за децата со дијабет.
Во тек е постапката за набавка на сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта кај деца. За првпат 500 деца ќе добијат бесплатни сензори за мерење на гликемија. Веќе следната година, со нова програма ќе се зголемува и возрасната граница и моја заложба е вакви сензори со тек на времето да обезбедиме за сите пациенти.
Изворhttps://www.facebook.com/filipce.venko