Потребно е
✅2 чаши мелени овесни снегулки
✅1 банана
✅бадемово млеко ( колку да упие овесот околу 100мл)
✅шумско овошје 1 чаша
✅какао 1 лажица
✅чиа семе 3 лажици
✅мед 1 лажица
✅темно чоколадо 50-70 гр
Подготовка
Овесните снегулки се мелат. Бананата се пасира со вилушка. Се додава овесот и бадемовото млеко колку да упие овесот. Додадете мешано шумско овошје, мед, какао и измешајте се заедно. Одозгора се сипува со шумско овошје се витка со фолија и се става во фрижидер. По половина час стопете темно чоколадо и сипете одозгора. Исечете со нож квадратчиња за полесно да ги кршите кога ќе се замрзнат. Ставете во фрижидер за длабоко замрзнување.
Нутритивна вредност на целиот колач
1184 Калории
152 гр Јаглехидрати
29 гр Растителни влакна
24 гр Протеини
57 гр Масти