ОРАЛНИ АНТИДИЈАБЕТИЧНИ ЛЕКОВИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ТИП 2 ДИЈАБЕТЕС

372

МЕТФОРМИН
Метформинот е лек на прв избор за натхранетите пациенти (ннд-А; метформинот
го снижува нивото на крвниот шеќер со иста ефикасност како сулфонилуреата со
предност за подобра контрола на тежината). Може да се комбинира со сулфонилуреа и една инјекција инсулин пред спиење. Исто така е погоден за пациенти со
нормална тежина. При долготрајна употреба, метформинот ги намалува кардиоваскуларните заболувања.

Метформинот не ја стимулира инсулинската екскреција, но го намалува нивото на
крвниот шеќер со инхибиција на хепаталната гликозна продукција. Метформинот
не предизвикува хипогликемија и има повеќе корисни ефекти на тежината од другите антидијабетични лекови (ннд-A; метформинот го снижува нивото на крвниот
шеќер со иста ефикасност како сулфонилуреата со предност за подобра контрола на тежината) (како монотерапија тој доведува до загуба на неколку килограми,
комбиниран со сулфонилуреа и една инјекција инсулин пред спиење исто така го
неутрализира добивањето во тежина).

Сулфонилуреа
Сулфонилуреата го намалува нивото на крвниот шеќер со стимулирање на инсулинската секреција и ги намалува микроваскуларните, можно и макроваскуларните, промени при долготрајна употреба.
NATEGLINIDE И REPAGLINIDE
Nateglinide и repaglinide се краткодејствувачки деривати на phenylalanine што ја
зголемуваат инсулинската секреција и треба да се даваат пред оброци. Ефектите
на васкуларните дијабетични промени сè уште не се проучени.
Недостигаат убедливи докази за корисноста (помалку епизоди на хипогликемија?)
во споредба со сулфонилуреа.
Ефект споредлив со оној на glibenclamide (10 mg) е забележан со nateglinide 120
mg трипати дневно или со repaglinide 4 mg трипати дневно.
Особено погодни за пациентите со високи постпрандијални гликемии, но само малку покачени вредности на крвниот шеќер на гладно.
Repaglinide се елиминира главно преку жолчката, што значи дека може да се користи кај пациенти со умерена бубрежна инсуфициенција.
ГЛИТАЗОНИ
Глитазоните се инсулински сензитајзери, односно тие ја подобруваат инсулинската сензитивност, особено во црниот дроб. Ефектите на васкуларните дијабетични
промени сè уште не се проучени.
Индицирани за третман на хипергликемија како монотерапија или во комбинација
со метформин и со сулфонилуреа.
Кога се почнува со третманот, пациентот не смее да има знаци за кардијална слабост.
Задршка на течности (едеми) се јавуваат кај 5% од пациентите. Клинички несигнификантно намалување на хемоглобинот (5–10 g/L) се јавува кај повеќето од пациентите.
GUAR GUM
Guar gum е влакнаст продукт во облик на гел. Земен со оброците, ја забавува
апсорпцијата на јаглените хидрати од храната и на тој начин лесно ја намалува
концентрацијата на крвниот шеќер.
Гасови, стомачно надувување и пролив се најзначајните несакани ефекти. За да се
намали инциденцата на овие ефекти, третманот треба да почне со мала доза од
2.5 g дневно, а потоа дозата постепено да се покачува до 15 g дневно.