Лесен рецепт а освежителен
Потребно е
✅модри патлиџани (400 гр)
✅кисело млеко 200 гр
✅кромид
✅бадеми ( или излупени исечени или листови)
✅лимета
✅кари
✅куркума
✅маслиново масло
✅сумак,сол,бибер
Подготовка
Испечете ги модрите патлиџани во рерна (претходно исечени во тркалца)
Исецкајте еден кромид во листови и со 1 л.маслиново масло испржете со додавање на бадеми, кари , сол
Киселото млеко измешајте го со кора од лимета и сок од лимета, куркума, бибер, кари
С2ервирајте на следниот начин:
Прво наредете ги модрите патлиџани, кисело млеко со кари, сумак, кромид со бадеми
Вкусот е освежителен лесен но и ќе ве држи сити.
Нутритивна вредност
340 ккал
Ј.хидрати 34 гр(јогурт10 гр+24 гр модри патлиџани)
Протеини 15 гр
Масти 8 гр