Мини пици од тиквичка

456

Потребно е:
✅2 тиквици
✅чери домати
✅сос од домати
✅кашкавал

Подготовка

Исечете ги тиквиците на тркалца и ставете ги во плех обложен со хартија и печете 10 минути на 200 степени

Во мал сад ставете сос од домати (околу 2 с.л) и измешајте со оригано и малку сол. Извадете ги од рерна тиквиците и намачкајте ги со сосот од домати, ставете пола чери домат и рендан кашкавал

Вратете во рерната и печете уште 10 минути(зависи од рерната) да се стопи кашкавалот и малку да се потпечат доматите

Нутритивна вредност🔎
Калории 90
Протеини 6 гр
Масти 3 гр
Јаглехидрати 6 гр