Мафини со модри сливи-без шеќер, со безглутенско брашнo

641

Потребно е (за Модла со 12 )
✅2 Јајца
✅12 модри сливи
✅12 урми
✅12 лажици безглутенско брашно
✅1 лажица путер
✅60 -80мл млеко
✅1 мала лажица пециво
✅1 ванилин шеќер

Подготовка
Урмите се попаруваат со врела вода
Кога ќе се олади водата се вадат семките, лушпата и се сецкаат ситно, потоа со толчник се пасираат.

Сливите, се сечат на пола, се вадат семките и се печат на 200 степени додека омекнат

Матете со рачна маталка
2 јајца и додадете ги сите состојки освен модрите сливи
Модлата намачкајте ја со масло
Распоредете го тестото еднакво. На крај ставете по една испечена модра слива на секоја модла и со мала лажица притиснете го тестото за да сливите не останат на површина
Печете на 200с додека не добијат златеста боја.

Нутритивна вредност🔎
Вкупно 711 калории 12 мафини
Јаглехидрати 141 гр од кои
8 гр растителни влакна
Протеини 10 гр
Масти 15 гр
1 Мафин🔎
59 ккалории
11 гр јаглехидрати
0.8 гр.протеини
1,2 гр масти

Посебна нутритивна вредност🔎
220 гр модри сливи 20 гр јаглехидрати 101 ккалории
Безглутенско брашно 12 лажици 69 гр јаглехидрати 324 ккалории
Урми свежи 12 лажици 39 гр.јаглехидрати 153 ккалории
Путер 0 ј.х 102 ккалории
Млеко 60 мг 3 гр јаглехидрати 31 ккалории