Принципи
Мултипни инјекции се терапија на избор.
Можат да се употребуваат две или три инјекции ако пациентот не сака мултипни
инјекции и ако може да се постигне прифатливо ниво на крвниот шеќер.
Тесна (прецизна) гликемиска контрола го зголемува ризикот за хипогликемии
(ннд-A). Интензивиран инсулински третман носи одреден ризик за тешки несакани
ефекти. Режимот со мултипни дневни инјекции може да биде посигурен од третманот со инсулински пумпи. Добивање во тежина е често со ексцесивно инсулинско
дозирање.
Двојна или тројна дневна терапија?
Терапија со три дневни инјекции треба да се замени со режим со две дневни
инјекции ако утринското ниво на крвен шеќер е високо или се јавува постпрандијална хипергликемија. Само кратко-делувачкиот инсулин се инјектира пред главниот
оброк, а долго-делувачкиот (и ако е неопходно исто така и кратко-делувачкиот)
инсулин се инјектира наутро и пред спиење. Инсулинската терапија со три дневни
инјекции дозволува слободен временски распоред на дневните оброци.
Терапија со мултипни инјекции
Терапијата со мултипни инјекции е најдобар метод на инсулинска администрација.
Брзо-делувачкиот или кратко-делувачкиот инсулин се инјектира 3-4 пати пред оброците, и долго-делувачкиот NHP или детемир инсулин се зема во две дози пред
спиење и наутро (2/3 од дозата наутро). Инсулин гларгине обично се дава еднаш
дневно (кај 10-20% од пациентите се дава два пати дневно ).
Соодносот на НПХ базалниот инсулин е вообичаено 50-65% од вкупната дневна
доза, а соодносот на детемир и гларгине е 40-50% од вкупната дневна доза. Кога
се користат детемир или гларгине, соодносот на рапидно-дејствувачкиот или брзодејствувачкиот инсулин е поголем, дури и за ужините може да е потребна мала
доза.
Кратко-делувачкиот инсулин се инјектира 3–4 пати пред оброците, и долго-делувачкиот инсулин се зема во две дози пред спиење и наутро (2/3 од дозата наутро).
Мала количина на кратко-делувачки инсулин често се додава наутро и навечер на
дозата на долго-делувачкиот инсулин. Ако вечерен оброк е навика, крвниот шеќер
често е висок во тек на првата половина од ноќта. На почеток, може да се корсти
мешавина од два инсулина, подоцна готови мешавини често се позгодни.
Интервалот помеѓу инјекциите на кратко-делувачки инсулин не треба да биде поголем од 5–6 часа. Дури иако се прескокне оброкот, мала количина инсулин е секако
индицирана..
Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика https://medlineplus.gov/diabetes.html