Леб од црвена леќа, без брашно

557

Имав прочитано од познат турски нутриционист Каратај за овој леб но искрено не ми беше јасно како може од црвена леќа леб да се направи, се додека не пробав и сама.
Здрав нутритивно богат, безглутенски и богат со растителни влакна!
Вреди да се проба.
Една кришка најадува и ве држи сити долго време.

Потребни состојки:
✔️2 чаши црвена леќа
✔️4 јајца
✔️1 чаша јогурт/кисело млеко
✔️50 мл маслиново масло
✔️1 1/2 пециво, сол

Доколку сакате да биде нутритивно побогат, додатете:
✔️100 гр урда
✔️1с.л црно семе
✔️ситно исецкан магдонос
✔️1 с.л сусам

Подготовка:
Од вечер покиснете ја леќата со млака вода. Треба да отстои најмалку 7 часа.
Исцедете ја водата и исплакнете ја неколку пати под млаз вода( за да немате гасови)
Исцеденaта леќа ставете ја во блендер додека не се направи кремаста маса. Додадете ги јајцата, пецивото, маслото, солта, јогуртот. Загрејте ја рерната на 180с, ставете ја смесата во долгонавеста тепсија, калап за леп или обичен плех обложен со хартија за печење и печете околу 40-45 минути.

Нутритивна вредност🔎:
Вкупно
2042 калории
234,6 гр јаглехидрати
56 гр. растителни влакна
126 гр. протеини
68.4 гр масти

Нутритивна вредност со црно семе, сирење и магдонос:
Вкупно
2107 калории
235.3 јаглехидрати
56 гр радтителни влакна
128.4 гр протеини
74 гр масти