ЛЕЌА СО КИНОА

358

Потребно е
1/2 чаша леќа
2 моркова
2 зелени пиперки
1 тиквица
2 с.л сос од домати
50 гр киноа
зачини :сол, ким, црн пипер

Подготовка
Прво сварете ја леќата
Исечкајте ги морковот, пиперките и тиквицата на ситни коцки и пропржете со малку масло. Додадете сос од домати , пола чаша вода и на тивко нека се динста. Зачинете!
Леќата сварена исцедете ја од водата и измешајте се убаво со зеленчукот .
Сервирајте со киноа која претходно е сварена.

Нутритивна Вредност Вкупно
Калории(kcal) 709
Јаглехидрати вкупно 131.5 гр
Растителни влакна 45.9 гр
Протеини 40 гр
Масти 5.7 гр

 

 

Храна количина Јаглехидрати
грама
Леќа- неварена 100 гр 60.1
Моркова 2 големи 14.5
Пиперки 2 големи 15.1
Пире од домати 2 с. лажици 2.8
Тиквичка 1 средна 6.9
Киноа-неварена 50 гр 32.1

.

Магистер по нутриционизам
Везире Старова