Преубав вкус, нутритивно богат оброк
Потребно е
✅Тиква 400 гр.
✅Кускус 100 гр.
✅Кромид 2 главици
✅Лук 2-3 чешни
✅Спанаќ
✅Домати 4
✅1 супена лажица пире од домати
✅1 супена лажица маслиново масло
✅Целер (листови)
✅Сол, бибер,
✅1 мала лажица шеќер
✅Цимет 2 мали лажици
Подготовка
Тиквата измијте ја убаво и исечете ја на мали кришки.
Измешајте ги кришките со цимет, маслиново масло, прстофат шеќер, сол, бибер
Ставете да се пече на 250 с.
1 поголем кромид исечете во кругови , наредете ги во тепсија, псоипете со малку сол, маслиново масло, прстофат шеќер и печете во рерна на 250с додека не пожолтат (20 минути )
Изрендајте 4 големи домати (без кора)
Најлесен начин е да се исече доматот на половина и да рендате. Кората сама ќе се одвои од месестиот дел. Во една тава ставете ситно исецкан кромид и пропржете со една лажица маслиново масло. Додадете сос од домат и лук , 1 чаша вода, сол, бибер и оставете да се крчка 30 минути.
Кога ќе биде готово, ставете го сосот во еден сад со тоа што ќе оставите околу 20% од сосот во тавата и таму додадете го кускусот и со една чаша вода оставете да се вари неколку минути(обично е готов за 2-3 минути) Тргнете од оганот!
Во еден сад со малку маслиново масло динстајте го спанаќот, додадете листови од целер (се готви околу 2-3 минути)
Се сервира со селдниот редослед:
Кускус, ред сос од домат кој претходно го тргнавте на страна, ред тиква, ред кромид и спанаќ
Нутритивна вредност
Вкупно
Ккалории 928
Јаглехидрати 180 гр
Растителни влакна 33 гр
Протеини 28 гр
Масти 17 гр
Состојки посебна нутритивна вредност:
Кускус 376 калории 72. гр јаглехидрати
Тиква 160 калории 29 гр.јаглехидрати
Кромид 128 калории 25 гр јаглехидрати
Домат 131 калории 19 гр јаглехидрати
Спанаќ 14 калории 1гр јаглехидрати
Малсиново масло 119 јаглехидрати