Крцкави крекери од наут

683

Безглутенски здрави крекери

Потребно е
✅2 чаши варен наут
(или киснат од вечер)
✅1 јајце
✅2 с.л маслиново масло
✅1 с.л вински оцет
✅1 с.л кашкавал
✅Сол, црн бибер, црвен бибер

Подготовка

Наутот се меле во блендер, се додава маслото, оцет , јајца и зачините и се мелат додека не добиете кремаста смеса. Врз хартија за печење ставете ја смесата така да добиете тенок слој. Посипете одозгора со сусам, семки од сончоглед, семки, црно семе и кашкавал. Се пече на 160 степени околу 1 час. (Зависи од рерната)
Оставете да се олади и искршете ги на парчиња.
Рецептот е на Д.К

Наутот е богат со протеини, витамини, минерали, растителни влакна.

Нутритивна вредност
Вкупно
Ккал 836
Јаглехидрати 90,3 гр
Масти 40.3 гр
Протеини 35,4 гр