Крекери од просо

458

Предлог за здрави крекери за празниците

Потребно е
✅2 мали чаши просо (200 гр)
✅1 мала чаша интегрално пченкарно брашно (100 гр)
✅2 јајца
✅3 лажици кисело млеко
✅ едно парче козјо сирење (50 гр)
✅1 м. л пециво
✅3 лажици семки од сончоглед
✅3 лажици семки од тиква
✅3 лажици ленено семе
✅1 лажица сусам
✅1 лажица црно семе
✅сол

Подготовка
Просото се меле.
Се матат јајцата, се додава кисело млеко, козјо сирење. Се става меленото просо во смесата, 1 мала лажица пециво, 1 мала чаша интегрално пченкарно брашно, сол.
Семињата сомелете ги и додадете ги во смесата. Во плехот за печење се става хартија за печење и со тапкање се распоредува смесата.Се сипува сусам и црно семе.Се пече на 200с додека добие златеса боја

Вкупно нутритивна вредност

Калории 1662
Јаглехидрати 240 гр од кои
Растителни влакна 29 гр
Протеини 63 гр
Масти 51 гр