Крекери од наут и хумус

630

Здрава ужина : базглутенски крекери и  хумус

Потребно е
За крекери од наут
✅1 чаша варен наут
✅2 јајца
✅2 л. маслиново масло
✅1 л. оцет
✅сол, црн пипер, црвен пипер, ким
✅црно семе, сусам

Подготовка

Се блендираат сите состојки да добиете кремаста маса. Се става хартија за печење во садот кај ќе печете и се распоредува смесата да добиете тенок слој. Се посипува со црно семе и сусам. Се пече на 160с околу еден час(зависи од рерната може и повеќе) додека се добие златеста боја.

За Хумусот потребно е

✅1 чаша варен наут
✅2 лажици таан
✅2 лажици маслиново масло
✅Сок од еден лимон
✅Сол

Подготовка
Се блендираат сите состојки  додека се добие хомогена маса.

Нутритивна вредност на крекерите вкупно🔎
Калории (kcal)663
Јаглехидрати 46 гр од кои
Растителни влакна 12 гр
Протеини 27 гр
Масти 42 гр

 

Нутритивна вредност на Хумус вкупно🔎
Калории(kcal) 691
Јаглехидрати 53 гр. од кои
Растителни влакна 15 гр.
Протеини 20гр.
Масти 47гр