Тиквиците се ниско калорични но нутритивно богати. Содржат витамини А и Ц, витамин К, Магнезиум. Богат извор на антиоксиданти. Содржат каротеноиди кои се добри за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Иако претежно тиквиците се користат за солени јадења, овој колач со тиквици е феноменален. Многу различен и убав вкус!
Потребно е
2 тиквици
80 гр таан
80 гр. јаворов сируп
1 јајце
2 лажици какао
2 лажици маслиново масло
2 лажици безглутенско брашно
50 гр темно чоколадо
Прстофат сол
1 м.л пециво
Цимет
Подготовка
Се ренда тиквицата на најситниот дел на рендето Се цеди водата од тиквиците Се додаваат сите состојки и во плех кој е намачкан со масло се става смесата. Се пече на 180 степени околу 30-40 минути
Нутритивна вредност Цел колач (Се дели на 8 парчиња)
Калории (ксаl)1428
Јаглехидрати 120 гр од кои
Растителни влакна 21.гр
Протеини 30 гр
Масти 99 гр
Едно парче 152 калории
Јаглехидрати 15 гр
Растителни влакна 2.6 гр.
Протеини 3.7 гр.
Масти 12 гр.
Посебна нутритивна вредност
2 тиквички јх 8 гр.kcal 67
Таан 80 гр јх 10 гр, kcal 470
Јаворов сируп јх 54 гр kcal 208
Безгултенско брашно јх 12 гр. Kcal 54
Јајце јх 1 гр. Kcal78
Маслиново масло јх 0, kcal 239
Какао 2 лажици јх 1 гр.kcal 8
Темно чоколадо јх 17 гр, kcal 299