Рецептот e (со мали модификација) на познатиот готвач Jamie Oliver
Потребно е
Карфиол 1 главица
Брокула 1 главица
1 с.л путер
1 с.л брашно
200мл млеко
2 с.л. кашкавал или козјо сирење
Подготовка
Бешамел
Путерот се топи и се меша со брашно и млеко. Се става малку сол и мускатно оревче. Брокулата се вари 2 мунути и во блендер се меша со бешамелот .
Карфиолот ситно исечкан се става во садот за печење и се полива со смесата од брокулата и одозгора се посипува кашкавал или сирење
Се пече на 200с додека не фати кора.
Нутритивна вредност Калории 323 Јаглехидрати 26 гр Масти 15 гр Протеини 17 гр