Калории и метаболизам

693

Поимот метаболизам опфаќа серија на биохемиски процеси на претварање на храната во енергијата за одржување и одвивање на сите животни функции во телото
При внесување на калориите, доколку телото не ги искористи, вишокот ги складира во масно ткиво.

При дефинирањето на метаболизмот, важно е да се разликуваат енергетскиот и интермедиерниот метаболизам.

Енергетскиот метаболизам е вкупната топлинска продукција во еден организам. додека
Интермедиерниот метаболизам ги претставува биохемиските реакции во клетките и ткивата.

Базален метаболизам, е мерка за степенот на метаболизам кој се одвива додека единката мирува.
Базален метаболизам зависи од
Пол
Возраст
Висина
Тежина
Утврдена е равенка преку која лесно може да се исклакулира Б.М (Погледнете тука)

Метаболизмот може соодветно да се подели во две категории:

–Катаболизам – разградување на молекули за да се добие енергија и

–Анаболизам – синтеза на сите потребни соединенија од страна на клетките.