Како сами да направите бадемово млеко

547

Едноставен лесен рецепт за млеко од бадеми

Потребно е
✅100 гр непечени бадеми
✅1 л вода
✅Цимет, ванилин шеќер за вкус

Подготовка
100 гр бадеми со две чаши вода нека отстојат цела вечер.
Следниот ден исцедете ја водата излупете ги. Набабрени лесно се лупат. Можете и да не ги лупите. Ваш избор!
Потоа во блендер ставете ги бадемите и меѓу 600 мл до 1 литар вода зависно колку сакате да е густо млекото. Јас ставам 3 чаши вода.
Блендирајте 1-2 минути. Потоа во сад за млеко од јаткасти плодови или обична газа или тенка крпа исцедете ја течноста. За вкус додадете ванила, цимет. Во стаклен сад стои 3-4 дена