Информации за тоа како се чувствува пациентот
Тежина
Резултати од домашното мерење
Употребувани инсулински дози
Хипогликемија и непрепознаена хипогликемија
Мерење на крвниот притисок на секоја посета, ако пациентот или близок роднина
имаат хипертензија или е дијагностицирано дека пациентот има албуминурија
Испитување на стапалата, ако пациентот има симптоми или поранешни проблеми
со стапалата
ДРУГИ ИСПИТУВАЊА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗВРШАТ ЕДНАШ
ГОДИШНО
Офталмоскопија (преку дилатирана зеница) и/или фундус фотографија и видна
острина
Крвниот притисок се мери во лежечка позиција и по 2-3 минути стоење
Стапала и чувство за вибрација
Тетивни рефлекси на колено и на скокален зглоб
Места на инјектирање
ЛАБОРАТОРИСКИ МЕРЕЊА
На секое испитување (на 3–6-месечни интервали)
HbA1c
Прегледај ги резултатите од самомерењето на плазматската гликоза (СМПГ)
Мерења што треба да се прават еднаш годишно или кога има потреба
Серумско холестерол, HDL-холестерол, LDL-холестерол, триглицериди, креатинин, прекуноќна уринарна албуминска екскреција (CU-alb-MI) или U албумин/креатинин.
За да се провери точноста на гликометарот на пациентот се мери истовремено
плазма гликоза, од примерок земен од пациентот, на неговиот гликометар и во
лабораторијата.
Домашно мерење
Тежина
Плазма гликоза (СМПГ) (редовно мерење, види подолу)
Се користи дневник за следење за да се едуцира и советува пациентот
МЕРЕЊА НА КРВНИОТ ШЕЌЕР
Доволна информација за 24-часовен гликозан профил може вообичаено да се добие од четири примероци:
Плазма гликоза на гладно за да се одреди дали дозата на долгодејствувачкиот
вечерен инсулин е доволна. Високо ниво на гладно сугерира недоволна доза,
а ниско ниво сугерира превисока доза. Хипергликемија на гладно.
Адекватноста на дозата на брзодејствувачкиот инсулин се евалуира со мерења на нивоа на плазма гликоза 1,5–2 часа по оброк.
Примероците пред ручек, вечера и пред спиење одредуваат дали е доволна
дозата на краткодејствувачкиот инсулин (ако се користи) или на утринскиот
долгодејствувачки инсулин. Високи вредности вообичаено сугерираат потреба
за зголемување на дозата на краткодејствувачкиот инсулин пред оброците или
на утринскиот долгодејствувачки инсулин.
Во стабилна фаза на болеста две мерења дневно на 2–3-дневни интервали можат
да бидат доволни.
КРВЕН ПРИТИСОК
Крвниот притисок треба да остане под 140/80 mmHg или на истото (пониско) ниво
на кое бил пред потребата за третман на хипертензијата.
Терапија е потребна ако:
Систолниот крвен притисок е барем 140 mmHg и дијастолниот барем 90
mmHg.
Крвниот притисок постојано расте над нивото мерено порано или ако се детектира микроалбуминурија, дури и ако притисокот не ги надминува горедадените гранични вредности.
Пациент со микроалбуминурија има семејна историја за хипертензија (терапијата треба да почне порано).
Нефармаколошка терапија е примарна опција на:
Рестрикција на внесување сол помалку од 6 g дневно.
Рестрикција на внесување алкохол.
Почеток на редовна физичка активност.
Престанок на пушењето.
Фармаколошка терапија за хипертензијата
АКЕ-инхибитори или АРБ6 ( АРБ=ангиотензин II рецептор-блокатори)
се лекови на избор ако пациентот со дијабетес има нефропатија или микроалбуминурија.
Селективни бета-блокатори.
Мали дози тиазидни диуретици.
Калциум антагонисти во фармакотерапијата на хипертензијата.
Индивидуален пристап во фармакотерапијата.
Дијабетична нефропатија.
Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика https://medlineplus.gov/diabetes.html