11.01.2023 година,Скопје
Соопштение
Од 10.01.2023 година Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија ја воведе услугата за електронски избор на матичен лекар.Со воведување на оваа услуга им се олеснува работата на матичните лекари но и на осигурениците кога имаат потреба за избор/промена на матичен лекар.
Со воведување на оваа услуга ,матичните лекари веќе ќе немаат потреба да набавуваат ил-обрасци во хартиена форма бидејќи услугата ќе им биде достапна постојано во електронска форма.
Сите осигуреници можат да ја искористат оваа услуга при избор/промена на својот матичен лекар.
ФЗОРСМ
Извор Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија https://www.facebook.com/groups/2452310655097934