ИСПИТУВАЊА ВО ТЕКОТ НА РУТИНСКИТЕ ВИЗИТИ

294

На секоја визита
Симптоми
Физички карактеристики: коронарна срцева болест/интермитентна клаудикација
Недоволно придржување кон третманот може, исто така, да резултира со
лоша метаболна контрола.
Епизоди на хипогликемија (ретки кај натхранетите пациенти).
Испитувања
-Тежина
-Крвен притисок (цел 130/85 mmHg)
-Испитување на стапалата, особено внимателно ако пациентот има нешто од
следново:
-Поранешни лезии или ампутации.
-Невропатија (отсуство на чувство на допир со монофиламент, чувство на
вибрација или Ахилов тетивен рефлекс).
-Атеросклероза на долни екстремитети (клаудикација, отсутни пулсации,
кожни лезии).

Малпозиција и кожни вдебелувања.
-HbA1c (кај медикаментозен и диететски третман целта е < 7.0%, ако е над 8.0%
-> метаболната контрола е лоша и треба да се размислува за инсулински
третман).
-Крвен шеќер на гладно (кај медикаментозен и диететски третман целта е < 6.7
mmol/L, со инсулински третман пред спиење целта е 4–5 mmol/L. Ако крвниот
шеќер на гладно е околу 6 mmol/L, HbA1c, нивото ќе биде околу 7.5%).
-Охрабри го пациентот да го прифати и одржи здравиот начин на живот.
-Лекови
-Доза на лекови (крвен притисок/гликоза/липиди).
-Дали пациентот зема аспирин (100 mg)
-Годишни испитувања
-ЕКГ
-Слики на очно дно (дилатирана зеница) на 1–3-годишни интервали, алтернативна
офталмоскопија. Слики може да се направат на секои 3 години ако метаболната
контрола е добра (HbA1c < 7.5%) и наодите на фундоскопијата се нормални.
-Крвен притисок (цел 130/85 mmHg).
-Испитување на стапалата.
-Испитување на местата на инјектирање.
-LDL-холестерол, HDL-холестерол и триглицериди.
-Диуреза, серумски креатини.
-Уринарна албуминска екскреција. Доволни се тест-ленти; ако резултатот не е нормален, потребно е мерење на прекуноќна албуминска екскреција.

Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика  https://medlineplus.gov/diabetes.html