ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И ТРЕТМАН НА МИКРОАЛБУМИНУРИЈАТА

275

Дефиниција: прекуноќна албуминска екскреција 20–200 µg/min.
Микроалбуминурија со истовремена ретинопатија може да биде знак за почетна
нефропатија.
Ако пациентот нема ретинопатија, микроалбуминуријата може да означува висок
ризик за кардиоваскуларна болест. Пациент со микроалбуминурија може да има
нормален или зголемен крвен притисок.
Микроалбуминуријата може да е резултат и на други причини, а не само на дијабетична нефропатија.
Третманот се состои од 1) прецизна контрола на крвниот притисок, намалување
на внесувањето сол и употреба на антихипертензивни лекови; 2) престанок на пушење; 3) прецизна метаболна контрола; 4) третман на дислипидемија.
Покачено ниво на серумски креатинин/нефроза
Ако серумскиот креатинин >150 µmol/L, 50% од бубрежната функција е загубен, кај постарите пациенти дури и повеќе, пациентите треба да се јават кај
нефролог.
Пациентите, исто така, треба да се јават кај нефролог ако протеинуријата надминува 3.5 g дневно (праг за нефроза).

 

Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика  https://medlineplus.gov/diabetes.html