Патување на запад
Пред летот се следи нормалниот распоред на инјектирање (утринска и пред ручек
инјекција во локално време на земјата од каде се заминува), дозата пред ручек се
менува ако е потребно.
Во тек на летот бзо или кратко-делувачкиот инсулин се инјектира по 2-4% од тоталната дневна инсулинска доза за секој час од временската разлика.
После пристигнувањето се следи нормалниот распоред на инсулински инјекции
(додатна и ноќна инјекција) во локално време на земјата на пристигнување; дозите
се менуваат во согласност со мерењата на плазматскиот крвен шеќер.
Патување на исток
Пред летот се следи нормалниот распоред на инјектирање (утринска, пред ручек
и додатна инјекција, како и нормална вечерна доза од долго-делувачки инсулин се
зема во текот на летот. Бидејќи се дава додатен оброк на почеток на летот, често се
потребни 2-6 додатни единици од брзиот иликратко-делувачкиот инсулин.
Пред слетувањето се сервира оброк (доручек). Се инјектира нормалната утринска
доза на брз или кратко-делувачки инсулин, но дозата на утринскиот долго-делувачки инсулин се намалува за 3–5% за секој час од временската разлика.
После слетувањето се следи нормалниот распоред (додатна и вечерна инјекција),
дозите се менуваат во согласност со одредувањето на крвниот шеќер; не е потребна инјекција пред ручек.
Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика