ИНСУЛИНСКИ ТРЕТМАН НА ТИП 1 ДИЈАБЕТЕС

389

БАЗИЧНИ ПРАВИЛА
Целна вредност на HbA1c е 7.0-7.5% (нормални граници 4.0–6.0%). За да се избегнат компликациите од дијабетесот, HbA1c треба да биде, колку што е можно,
поблизок до нормалната вредност

Интензивна инсулинска терапија го намалува бројот на макроваскуларни настани кај млади особи со тип 1 дијабетес,
но ефектот на бројот на засегнати пациенти или на макроваскуларниот морталитет треба да биде покажан . Ова не е секогаш видливо во практиката, и
вредност под 8% може да се смета за добра. Но, ако вредноста на HbA1c е под 7%,
расте ризикот за хипогликемија. Интензивниот инсулински третман носи одреден
ризик за тешки несакани ефекти . Мултипни дневни инјекции може да се
посигурни од третманот со инсулински пумпи.
Целна вредност за плазматски крвен шеќер кај домашно мерење е 4.4–6.7 mmol/L
после гладување и пред оброци, и 6.1- 8.0 mmol/L 90-120 минути после оброк.
Плазматската глукоза несмее никогаш да падне под 4.0 (3.0) mmol/L.
Треба да се избегнува хипогликемија.
Целното ниво секогаш треба да се одреди индивидуално.
ОСНОВИ НА ИНСУЛИНСКАТА ТЕРАПИЈА
Разбирање и имититирање на физиолошката инсулинска екскреција.
Непрекинато инсулинско делување = доживотна заместителна терапија кај тип 1
дијабетес.
Инсулинската терапија се планира во согласност со дневниот ритам на пациентот.
Се брои јагленохидратниот внес.
Се тестира инсулинската сензитивност.
Само-мерењето на плазматската глукоза (SMPG) е клуч за разбирање на принципите на терапијата и за успешност на третманот.
Нов пристап во планирањето на инсулинската терапија.
ПРИНЦИПИ НА ИНСУЛИНСКАТА ТЕРАПИЈА
Мора да се обезбеди доволна базална доза инсулин за 24 часа во тек на денот.
Да се обезбеди (блиску до нормалата) нормално ниво на крвен шеќер наутро после
прекуноќно гладување.
Мора да се обезбеди доволна количина инсулин за базалниот метаболизам.
Третманот мора да ги покрива хипергликемиите предизвикани од оброци, и да воспостави (блиску) нормално ниво на крвниот шеќер пред следната инјекција.
Инсулинската терапија несмее да предизвикува тешка хипогликемија.
Пациентот треба да ја промени инсулинската доза во согласност со SMPG. Дозните
граници за инсулинот пред оброците и пред спиење треба да се одредат заедно
со пациентот.
Давањето инсулин треба да се прилагоди на начинот на живот на пациентот.
Треба да се совпаѓаат инсулинот пред оброк и јагленохидратниот внес.
Пациентот треба да се обучи да го пресметува јагленохидратниот внес.
Независно и флексибилно прилагодување на инсулинот пред оброк бара броење
на јагленихидрати и SMPG.
УТВРДУВАЊЕ НА ПОТРЕБАТА ЗА ИНСУЛИН
Дневната доза инсулин го одредува нивото на HbA1c.
Вредноста на пламатскиот крвен шеќер зависи од коректноста на базалната инсулинска доза ако инсулинската доза пред оброк одговара на јагленохидратниот
внес. Кога се проценува вредноста на крвниот шеќер пред оброк, мора да се земе
предвид различното траење на ефектот на кратко-делувачкиот и долго-делувачкиот инсулин (кратко-делувачкиот инсулин исто така придонесува кон ефектот на
базалниот инсулин).

Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf

Слика  https://medlineplus.gov/diabetes.html