Се започнува со нив или се заменува кратко-делувачкиот инсулин со инсулински
аналози (пр: лиспро инсулин). Ова нуди флексибилност на пациентите кои мораат
да го менуваат распоредот на оброците поради работата.
Ефектот на лиспро и аспарт инсулинот започнува скоро веднаш после инјекти-
рањето. Инјекцијата треба да се даде непосредно пред оброк.
Особено е важно оптимално дозирање на базалниот инсулин.
ИНСУЛИН GLARGINE
Долго-делувачкиот хуман аналог инсулин гларгине вообичаено се инјектира еднаш
дневно и нуди постабилно инсулинско снабдување со помал ризик за хипогликемии од NPH инсулинот. Кај околу 20% од пациентите со дијабетес тип 1 времето на
инјектирање може да се промени (од навечер, наутро или на ручек), или може да е
потребно да се подели во две дневни дози.
Кога се менува од NPH на инсулин гларгине треба да се провери дозирањето на
брзо-делувачкиот инсулин пред оброк.
Проблемот со инсулин glargine е што по промената на дозата се потребни 2-3 дена
да го покаже ефектот.
ИНСУЛИН DETEMIR
Постои ограничено искуство со инсулин детемир. Според студиите, тоа е првиот
базален инсулин со добро-предвиддлив ефект-интраиндивидуалниот ефект на истата доза најмалку варира од сите инсулински типови.
Инсулин detemir се инјектира два пати дневно.
Вкупното траење на дејството е силно дозно-зависно: само 6 часови ако дозата е
0,1 единица/kg до максимум 20 часа при повисоки дози.
Инсулин детемир е неутрален во однос на тежината: пациентите не ја покачуваат
тежината, или дури може и да изгубат тежина.
ИНСУЛИНСКА ПУМПА
Континуирана субкутана инсулинска инфузија со портабл пумпа е ефикасна во постигнување добра контрола кај пациенти со тип 1 дијабетес но ефектот е споредлив
со интензивниот распоред со мултипни инјекции (ннд-B). Континуирана субкутана
инсулинска инфузија со портабл пумпа е ефикасна во постигнување добра контрола кај пациенти со тип 1 дијабетес но ефектот е споредлив со интензивниот
распоред со мултипни инјекции).
Ризикот за кетоацидоза умерено се зголемува кај терапија со инсулинска пумпа;
мерење на крвен шеќер при хипергликемија и инфекции е важно и тоа особено
кога пумпата не функционира нормално.
Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика https://medlineplus.gov/diabetes.html