Се ближи 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот или во Македонија познат како ден за поголема надеж и сила за повеќе од 600 деца.
Но, надежта кај нив останува многу кратко.
Повеќе од 600 деца во Македонија секојдневно ја живеат агонијата која им ја носи немањето на уреди за континуирано мерење на шеќерот во крвта – сензори, кои досега биле многупати ветувани, но, никогаш не стигнале во рацете на децата.
Токму тие детски раце се уморни од постојаното боцкање по прстите кои секојдневно се модри од мерењата кои се прават, некогаш и повеќе од 10-тина пати на ден.
И додека нивни врсници по Европа споделуваат олеснителни услови за живот, децата во Македонија неискрено се убедуваат секој нов 14-ти Ноември, а родителите пак, мака мачат да го обезбедат најдоброто за своите деца, трошејќи по цела плата и одвај врзувајќи крај со крај во месецот да можат да набават квалитетен сензор од странство, да му помогнат на сопственото дете.
Ќе биде ли овој 14-ти Ноември нешто поразличен или ќе ги добиеме истите препишани ветувања од минатите години како параван за постоење на свест и грижа за овие деца, останува да видиме.И за крај, тие деца не го избрале самите животот кој треба да го живеат, помислете и на нив, сепак, ЗА ДЕЦА СЕ РАБОТИ!
ОБЕДИНЕТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕСОТ.
Извор https://www.facebook.com/groups/2452310655097934/