Замена на кравјо млеко

640

Постојат бројни причини зошто луѓето избегнуваат млеко од животинско потекло. Многу експерти за исхрана препорачуваат алтернативи од растително потекло, кои сега се лесно достапни.

Според регулативата на ЕУ, не може да се наречат „млеко“ , наместо тоа, тие се нарекуваат „пијалок“ Само кокосово млеко може да се нарече „млеко“ затоа што го има на пазарот пред регулативата.

БАДЕМОВО МЛЕКО
Вкусот е благ, затоа идеално одговара за мусли и шејкови. Бадемовото млеко содржи протеини, калциум, калиум, магнезиум и фосфор. Исто така е идеален извор на влакна и незаситени масти. Бадемовото млеко е достапно во голем број супермаркети, но лесно можете и самите да направите
Погледнете тука.

КОКОСОВО МЛЕКО
Кокосовото млеко има егзотичен вкус. Погоден е за готвење и печење, особено за јадења од ориз и десерти, но исто така и како основа за коктели и шејкови. Кокосовото млеко има значително поголема содржина на маснотии од многу други млека од растително потекло- дури и ако се здрави, незаситени масни киселини. Исто така е богата со протеини, калиум, калциум, магнезиум и фолна киселина. Лесно можете и сами да направите. Погледнете тука

МЛЕКО ОД СОЈА
Млеко од соја е совршена замена на кравјото млеко. Се користи во мусли, за печење или готвење. Производите од соја се особено богати со протеини и имаат приближно иста содржина на протеини како кравјото млеко.

МЛЕКО ОД ЛЕШНИК
Млекото од лешник има арома на орев. Млекото од лешник содржи многу калциум, манган, селен, цинк и железо.

ОРИЗОВО МЛЕКО
Оризовото млеко е особено ценето од страна на веганите и луѓето со алергии на бело млеко или нетолеранција на лактоза, бидејќи е најмалку алергенско од сите замени за млеко. Бидејќи има многу сладок вкус, тој е особено погоден за десерти или за готвење егзотични јадења.

МЛЕКО ОД ОВЕС
Млекото од овес може да се користи и за готвење и за печење, идеален е и за мусли. Богато е со протеини, калциум, фосфор, железо и витамини. Има благ вкус сличен на оној на кравјо млеко.