ЗНАЦИ И СИМПТОМИ КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЗА ТИП 1 ДИЈАБЕТЕС

365

Пациентите се обично слаби или со нормална тежина
Несакано губење тежина
Значајно несакано губење тежина за неколку недели што ѝ претходи на
дијагнозата вообичаено сугерира инсулин-зависен дијабетес.
Кетоацидоза за време на дијагнозата
Кетони јасно присутни во урината и/или во серумот.
Метаболна ацидоза.
Ниска C-peptide концентрација (т.е. оштетена ендогена инсулинска продукција)
Серум C-peptide – низок за време на дијагнозата (< 0.2–0.3 nmol/L), подоцна
недетектибилен (вообичаено < 0.1 nmol/L).
Напомена!
C-peptide е зависно од нивото на гликоза во крвта (се зголемува со високи нивоа
на гликоза и се намалува со ниски нивоа на гликоза).
Антитела против островските клетки или GAD-антитела (позитивни кај 70–80% од
пациентите за време на дијагнозата, одредување обично не е потребно кај пациенти помлади од 20 години).
Почеток вообичаено под 30-годишна возраст; но кај некои пациенти (10-15%) болеста се јавува во подоцнежен стадиум.

https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf