Ефект на кинески ресторан (What is the Chinese Restaurant Effect)?

657

Постои теорија што може да објасни зошто понекогаш после јадење оброк, нивото на гликоза во крвта може да се зголеми повисоко од нормалното.
Ова се нарекува ефект на кинески ресторан. И иако тоа е само теорија, постојат одредени истражувања но се уште не е научно докажано.

Пред да погледнеме што е ефектот на кинескиот ресторан, само да разјасниме што не е. Не е тоа што се нарекува синдром на кинески ресторан Chinese Restaurant Syndrome (CRS). CRS се однесува кога луѓето доживуваат симптоми како потење и главоболка после јадење во кинески ресторани. Лекарите сега го нарекуваат ова ефект на MSG effect of monosodium glutamate или ефект на мононатриев глутамат, додаток кој се користи во кинеските ресторани и спакуваната храна.

Која е теоријата?

Ефектот на кинескиот ресторан е објаснет од пионерот на ниско јаглехидратна диета, д-р Ричард К Бернштајн.
Д-р Бернштајн помина голем дел од својот професионален живот борејќи се за него “застарени теории“ за дијабетес. Сега на возраст од 85 години, тој го припишува своето одлично менаџирање со дијабетес тип 1, благодарение на диетата со низок внес на јаглехидрати
Во 1997 година, д-р Бернштајн ја објави својата книга „ Diabetes Solution “, каде што опишува разговор со пациентка која доживеала драматично зголемување на гликозата во крвта, кога плива.

Жената јадела една главица марула пред пливање. Една главица марула содржи околу 10 гр јаглени хидрати, а Бернштајн пишува дека ова веројатно ќе ја зголеми гликозата во крвта кај возрасно лице со дијабетес тип 1 најмногу за 2,8 mmol / L.

Па, зошто нејзината гликоза во крвта се искачува од 5,0 на 16,7 mmol / L? Ова, вели д-р Бернштајн, може да се објасни со ефектот на кинескиот ресторан.

Како да се објасни ефектот на кинески ресторан?
Кинеските оброци често содржат протеини или храна со јаглени хидрати со бавно дејство, како што се никулци од грав, никулци од бамбус печурки и др Кога се јадат во големи количини, доктор Бернштајн вели дека се случува интересна работа:

„Горниот дел на тенкото црево содржи клетки кои ослободуваат хормони во крвотокот, секогаш кога ќе се истегнат, како после голем оброк. Овие хормони го сигнализираат панкреасот да произведува инсулин со цел да се спречи покачување на шеќерот во крвта што следи по варењето на оброкот. Големите оброци ќе предизвикаат поголемо истегнување на цревните клетки, што пак ќе лачи пропорционално поголеми количини на овие хормони “.

Сепак, кај луѓе со дијабетес, инсулин не се произведува (како што е случај со дијабетес тип 1) или не работи правилно (како кај дијабетес тип 2).

Глукагонот е уште еден хормон, кој го зголемува нивото на шеќер во крвта. Тоа го постигнува со тоа што го сигнализира црниот дроб да испушти гликоза. Глукагонот, под нормални услови, се спротивставува на ефектите на инсулин за намалување на глукозата, и овој систем помага да се регулираат шеќерите во крвта во текот на денот. НО кај лица со дијабетес , половина од овој систем може да не функционира правилно.

Д-р Бернштајн изјави дека јадењето големи количини храна може да предизвика непропорционален одговор на глукагон, особено кај луѓе со дијабетес:

„Бидејќи многу мала количина на инсулин ослободена од панкреасот може да предизвика голем пад на шеќерот во крвта, панкреасот истовремено произведува помалку моќен хормон глукагон за да се надомести потенцијалниот вишок ефект на инсулин.

„Ако сте лице со дијабетес и имате недостаток на производство на инсулин, можеби нема да можете да ослободите инсулин, но сепак ќе ослободите глукагон, со што ќе се зголеми шеќерот во крвта.

Така, ако јадете доволно за да се чувствувате сито, шеќерот во крвта може да се зголеми за голема количина дури и ако јадете нешто што не го качува шеќерот!

Значи … дали е реално?
Постои одредена наука која сугерира дека ефектот на кинески ресторан може да постои.

Во 2016 година американските истражувачи известија за сензорни неврони кои откриваат кога стомакот се протега во дигестивниот систем. Тие се повикуваат на студија на Чемберс на ал. во 2013 година, кој тврдеше дека по значителен внес на хранливи материи, „ентероендокрините клетки реагираат ослободувајќи огромен број цревни хормони, вклучувајќи серотонин, пептид 1 сличен на глукагон (GLP1), холецистокинин, пептид YY и други“. [1]

Истата година, Харвард додаде тежина на теоријата. Студија на Медицинскиот факултет од Харвард објави: „Невроните кои чувствуваат истегнување во стомакот произведуваат рецептори за пептид 1 сличен на глукагон (GLP-1), хормон ослободен од цревата како одговор на хранливите материи“.

Што значи тоа?
Луѓето со дијабетес кои доживуваат повисоки вредности на шеќер во крвта од вообичаено, после оброкот што го јаделе можеби ќе треба да размислат за храната што ја внеле. Дали јаделе повеќе отколку што вообичаено би јаделе, дури и ако има малку јаглени хидрати?

Јадењето помали порции храна е подобро за нас отколку да јадеме премногу вели д-р Бернштајн.

Сепак, ова останува теорија. И може да има бројни причини за нечиј скок на гликозата во крвта непредвидливо, после јадење храна пример поради одредени лекови ако се зимаат,, вежбање, стрес, настинка, адреналин или вознемиреност или одложен одговор на храна конзумиран од порано во текот на денот.
Се уште стои ставот дека секој организам различно реагира.

(1)Cell. 2016. Sensory neurons that detect stretch and nutrients in the digestive system. [ONLINE] Available at: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4930427/. [Accessed 20 June 2019].

Извор https://www.diabetes.co.uk/blog/2019/06/what-is-the-chinese-restaurant-effect/#:~:text=There%20exists%20a%20theory%20that,that%20could%20back%20it%20up.