Потребно е
✅3 јајца
✅3 лажици мед
✅9 лажици безглутенско брашно
✅2 јаболка
✅1 л. пециво
✅цимет
Подготовка
Со рачна маталка матете ги јајцата, додадете мед, брашно и пециво. Јаболката исечете ги на многу многу тенки кришки.
Во сад за печење ставете хартија за печење и ставете го тестото и редете ги кришките од јаболко еден преку друг и ставете ги да бидат СКОРО до дното на тестото но НЕ и до дно. Посипете со цимет и печете на 200с. Колачот треба да биде тврд како бисквит за да може да се исече тенка кришка која се служи со чај од јаболко.
Нутритивна вредност на целиот колач
Излегуваат околу 20 бисквити
Калории 830
Јаглехидрати 158 гр
Растителни влакна 11 гр
Масти 16 гр
Протеини 21 гр