Со ова мени во еден ден ќе внесете
Вкупно
1079 ккал
130 гр јаглехидрати
40 гр протеини
30 гр масти
Рецептите се објавени претходно!
За да ослабнеме не треба да гладуваме. Само треба неколку дена да внесеме помалку калории од вообичаено и постојано да го хидрираме телото со вода.
Не мислам дека со стриктни диети можеме да добиеме посакувани резултати, туку со менување на навиките и начинот на исхрана. Не треба да гладуваме, секогаш треба да внесеме доволно храна колку што ни е потребно според базалниот метаболизам. При тоа и да искалкулираме колку активност имаме во текот на денот според тоа и да го усогласиме внесот на калории. Но за да изгубиме 1-3 килограми може една недела да внесеме помалку храна од вообичаено и резултатите ќе дојдат!
1 -2 дена неделно е идеално да избегнеме леб, млеко, месо а да внесеме повеќе зеленчук и протеини од растително потекло. Јаглехидратите не се “непријатели” доколку одбереме правилно! Јаглехидрати од интегрални, безглутенски житарки се богати со растителни влакна кои ја подобруваат перисталтиката