ЕФЕКТ НА ХИПОГЛИКЕМИЈА

306

Симптомите, главно, се јавуваат кога нивото на крвниот шеќер во плазмата е под
3.3 mmol/l. Адренергичните симптоми на предупредување можат да бидат отсатни
ако болеста трае долго време, долго време постои лоша глукозна контрола или
контролата е есктремно тесна (прецизна).
Хипогликемијата може да ја намали инсулинската сензитивност за 12 часа после
хипогликемиската епизода.

ПРИЧИНИ ЗА ХИПОГЛИКЕМИЈА
Преголема или во погрешно време дадена инсулинска доза.
Случајна грешка во дозирањето.
Грешка во диетата: одложување на оброкот, недоволна колчина на јагленихидрати,
или прескокнат оброк.
Физичка активност без намалување на инсулинската доза или зголемување на калорискиот внес.
Промена на техниката или местото на инјектирање.
Случајна интрамускулна или интравенска инјекција.
Прекумерен внес на алкохол или симптоми на прекинување (мамурлак).
Намалени потреби за инсулин во тек на перид на ремисија, поради загуба на тежина, бубрежна инсуфициенција или ендокрини нарушувања како хипотиреоза или
адренална инсуфициенција.
Превенција и третман на хипогликемија
Адекватно советување на пациентот е најважно во превенција на хипогликемијата.
Физичката активност во текот на денот е индикација за намалување на вечерната
инсулинска доза за 2-4 единици во согласност со искуството и инсулинската сензитивност на пациентот.

https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
слика https://www.verywellhealth.com/hypoglycemia-symptoms-1298883