ЕДУКАЦИЈА ЗА НАЧИН НА ЖИВОТ КАЈ ТИП 2 ДИЈАБЕТЕС

277

ПРИНЦИПИ
Секоја единица за примарна здравствена заштита треба да е подготвена да обезбеди едукација за начин на живот за луѓе со тип 2 дијабетес (групна или индивидуална).
Успешна едукација за начин на живот има корисни ефекти на сите метаболни абнормалности кај тип 2 дијабетес (ннд-A; едукативни интервенции кај возрасни со
дијабетес даваат позитивни ефекти кај пациентот, вклучувајќи намалување на нивото на гликозилираниот хемоглобин).
Примарна цел е да се покажат постојани промени во стилот на живот.
Намалувањето на телесната тежина не е единствена цел; зголемувањето на физичката активност без промени во тежината е исто така корисно како и измените во
составот на диетата дури и кога не успеваат да постигнат намалување на тежината
(ннд-C; краткотрајно намалување на тежината може да се постигне со интервенции за модификација на однесувањето и диети со малку калории, но ниедна интервенција не резултира со долготраен успех).
Диета со многу ниско енергетско внесување не е подобра од другите методи.
Превенцијата на релапсите по диетата е најважна. Лекови (orlistat) можат да бидат
корисни.

НАПРЕДОК НА ЕДУКАЦИЈАТА ЗА НАЧИН НА ЖИВОТ
1. Оцена на актуелната состојба
Потребна е лична посета на пациентот кај медицинска сестра, доктор или
групна средба.
Клиничко испитување и лабораториски испитувања да се одреди:
-Кој е примарниот проблем, односно хипертензија/хипергликемија/ дислипидемија/ дебелина.
-Мотивацијата на пациентот и функционалниот капацитет.
-Можноста за гестациски дијабетес.
-Оцена на животниот стил
-Навиките за јадење (се прашува пациентот што јаде и пие за секој оброк,
дали ужина помеѓу оброците или јаде додека ги приготвува оброците).
-Внесувањето сол (дали пациентот додава сол на масата, јаде храна богата
со сол; употреба на сол во готвењето).
-Пушење
-Физичка активност, колкав е интензитетот на физичката активност (колку
пати во текот на неделата пациентот останува без здив и се поти, за колку
долго се случува тоа, физичка активност на работа, физичка активност во
текот на слободното време?).
-Пиење алкохол (просечно број на алкохолни единици неделно, види табела 6).
Алкохолот има висока калориска вредност; 1 грам алкохол обезбедува 7 kcal.
Типична вредност е 75 kcal за една чаша вино.
Табела 6. Како генерална препорака следниве пијалаци содржат една единица алкохол (една единица е еквивалентна на 8 g или 10 mL (1 cl) чист алкохол).

284 mL пиво со вообичаена силина 1 чаша (125 mL) вино (9 % AbV) 1 мерење (25 mL) чист алкохол 1 мала чаша (50 mL) од кој било ликер (sherry, мартини или порто)
Забележи! Чаша вино од 125 mL со 11-12% AbV содржи околу 1.5 единица алкохол Шише силно пиво од 330 mL содржи околу 1.5 алкохолна единица Шише алкохол од 330 mL со 4 ор 6% AbV содржи 1.3 односно 2 алкохолни единици
Препорака! Максимално дозволено количество алкохол за мажи е до 21 единица неделно (три единици дневно), а за жени до 14 единици неделно (две единици дневно)

2. Дискутирај ги целите
Редукцијата на телесната тежина вообичаено е посакувана цел.
Секоја цел треба да се одреди од страна на самиот пациент и треба да е нешто што тој смета дека е важно. Подобро е целите да се мали отколку големи,
тие треба да се достижни и лесно мерливи и поврзани со модификациите во
однесувањето. (ннд-C; стратегиите во диетата можат да бидат најефективни
за промовирање на краткотрајното намалување на телесната тежина кај тип
2 дијабетес).
-На пример, промена на полуобезмастено млеко го преполовува количеството
масти што се земаат од млечните производи, луѓето се запознаваат со продукти што содржат ниско количество масти. Потребно е да се запишат сите
договорени цели.

-Ако имаме сакано намалување на телесната тежина, се води сметка за:
-Намалување на внесувањето сол.
-Намалување на вкупното количество храна.
За повеќето пациенти намалувањето на внесувањето масти и храна што
содржи масти и промената со продукти сиромашни со масти е доволно.
-Редовна физичка активност предвидува добри долготрајни резултати, но
не и брзо губење на телесната тежина.
-Орлистат комбиниран со нискокалорична диета сиромашна со масти обезбедува намалување на телесната тежина. По успешно почетно намалување
на телесната тежина, лекот може да се користи во превенција на релапси.
На морбидно дебелите пациенти (BMI 10> 40 kg/m2) може да им се понуди
можноста за лапароскопско желудечно подврзување. По операцијата големината на оброците ќе се намали до околу 250 mL. Контраиндикациите
вклучуваат булимија и злоупотреба на алкохол.
-VLDL (диета со многу ниско калорично внесување) и модификации во начинот на живот (ннд-C; стратегиите во диетата можат да бидат најефективни
за промовирање на краткотрајно намалување на телесната тежина кај тип 2
дијабетес).
-VLCD не ја намалува потребата за едукација за начинот на живот, дури и ја
зголемува оваа потреба, бидејќи оваа диета сама по себе може да доведе
само до привремено намалување на телесната тежина.
–Преминот кон нормална диета се изведува постепено.
Едукација за диета е потребна особено кога пациентот престанува да се
храни според формула и почнува со нормална исхрана, пациентот мора да
стекне нови навики во исхраната; враќањето кон старите навики за исхрана
ќе води до повторно зголемување на тежината.
Како додаток на диетата за намалување на тежината, орлистат може да се
користи за контрола на калориското внесување.
-Прекин со пушењето
Секогаш е важно.
Целта е да се подобри квалитетот на исхраната и/или да се зголеми физичката
активност и да се одржи нормална тежина.
Најважни модификации:
-Зголемување на физичката активност.
-Подобрување на квалитетот на мастите во исхраната.
-Намалување на внесувањето масти (наместо нив повеќе јаглени
хидрати).
-Минимизирање на употребата на алкохол.
-Намалување на внесувањето сол.
-Зголемување на внесувањето овошје и зеленчук.
-Одржување или зголемување на внесувањето продукти од цело зрно.
-Намалување на внесувањето храна што ја подобрува контролата на
дијабетесот.
-Прекин со пушењето.
3, Препорачани насоки за постигнување лични цели
Препорачана диета
Енергетско внесување во согласност со целната тежина.
10 BMI=body mass index

-Не повеќе од 10% енергетско внесување заситени масти.
-Помалку од 25-35% енергија од масти. Ако количеството масти е поголемо,
внесувањето мононезаситени масни киселини може да се зголеми, додека
внесувањето јаглени хидрати да се намали.
-5-10% од енергетското внесување полинезаситени масни киселини.
-1% од енергетското внесување од n-3 масни киселини.
-50-60% од енергетското внесување јаглени хидрати.
-15% од енергетското внесување протеини.
-Помалку од 5 гр сол дневно.
-Најмалку 25 гр растителни влакна дневно.
-Минимизирано внесување алкохол.
Како да се придржуваат на препорачаната диета
Се советува пациентот да одбере различна и шаренолика храна
-Многу зрнести производи, специјално од цело зрно.
-Умерено количество диететски производи сиромашни со масти или без
масти (околу 500 мл дневно).
-Компири во различни видови без додадени масти.
-Многу зеленчук и овошје секој ден.
-Честа употреба на риба (неколку пати неделно); посно месо.
-Умерена употреба на масти
-Умерено шеќер.
Големина на оброците пропорционално на тежината
-Промените во тежината укажуваат дали големината на оброците е
коректна.
-Процена на енергетските потреби.
-Обезбедување примерок на оброк или слика на препорачан оброк.
-Во оброците треба да се ужива, без брзање.
-Определено време за оброк за да се одржи контролата на тежината
-Гладот лесно води до дополнителна ужина, или до поголем оброк од планираниот, или до неконтролирано јадење во текот на следниот оброк.
Повеќето пациенти добро се чувствуваат кога имаат лесен појадок, ручек и вечера, како и мала вечерна ужина. Парче овошје попладне може
да помогне во контролирањето на гладот.
Зголемување на физичката активност
Треба да се пронајде како може да се зголеми активноста на пациентот во
текот на нормалните дневни активности. Ова ќе ја зголеми енергетската
потрошувачка и ќе го олесни намалувањето на телесната тежина исто како
и планираната физичка активност. Соодветни форми на физичка активност
вклучуваат шетање, џогирање, возење велосипед, скијање, пливање, аеробик-вежби и некои игри со топка.
Препорачаната зачестеност на физичката активност е најмалку три пати
неделно по 30 минути. Неколку пократки периоди физичка активност имаат речиси ист ефект како и една со подолго траење. Пациентите може да
бидат мотивирани да вежбаат редовно на пример со водење дневник за
физичка активност.
Потребно е да се дискутира за различните начини на кои може да се зголеми нивото на физичката активност на пациентот кога се дискутираат целите
на третманот и да се постават целите заедно со пациентот.
4. Следење
Посети за следење се неопходни, само препишување диета за намалување на
телесната тежина нема да води до постојани резултати.
Орлистат може да помогне во превенција на релапсите по успешно намалување на телесната тежина.
Види за базични принципи за следење

 

изворhttps://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf

слика https://www.montgomerycountymd.gov/healthymontgomery/programs/type-2-diabetes/index.html