Дали има разлика во гликемија мерено од сензор и апарат со ленти

367

К.Р.Б
Zdravo dali e normalno senzorot da pokazuva poniska glikemija od aparatce so lenti preku krv eve veke 4 senzori po red stavame i site pokazuvaat poniska glikemija vo isto vreme merev na razlicni aparatcinja site razlicno pokazuvaat

Н.Д.Д

Редехидрирајте се добро на ова топло време, многу течности т.е. вода. Дехидрацијата, односно недостатокот на течност ја згуснува како крвта така и интерстицијалната, меѓуклеточна течност од која се пренесува и мери вредноста на гликемија на сензорот. Згуснатоста на оваа течност значи и послаба циркулација низ клетките што најчесто е една од причините сензорот да покажува пониски вредности или хипогликемии.
Друга работа, зошто ви се толку многу глукометри? 🙂Ќе мерите на еден, точен, и со тој ќе споредувате. А по приложеново, пола ммол не е воопшто голема отстапка односно сензорот ви мери одлично 🙂