MODY (Maturity Onset Diabetes of Youth)
Може да се помеша и со тип 1 и со тип 2 дијабетес.
Вклучува неколку поттипа предизвикани од мутација на гените што ја регулираат инсулинската секреција.
Типични знаци за MODY-дијабетес вклучуваат:
Ран почеток (често < 25-годишна возраст, големи варијации!).
Доминантен пример на наследност (дијабетес присутен во неколку генерации – важно да се испитаат другите членови на семејството).
Инсулински дефицит од различен степен.
Инсулинска сензитивност, зголемен ризик од хипогликемија.
Некои пациенти се лекуваат со диета или со орални лекови, додека други
може да бараат интенизвирана мултипна инсулинска терапија.
Ако се сомневаме за MODY, пациентот треба да се префрли во клиника за
дијабетес (на пример, може да биде индицирано генетичко советување).
Митохондријален дијабетес е редок генетички дефект, кој преминува од мајката на следната генерација (и на машки и на женски). Коморбидитетот вклучува други промени на органи, како дефекти во слухот. Тежината на инсулинскиот дефицит е варијабилна.
Секундарен дијабетес
Може да се развие по панкреатитис. Исто така, може да е поврзан со хиперкортицизам (кортизонски лекови или Cushing-ов синдром) или со зголемена
екскреција на хормонот на растење (acromegalia). Пациентите често имаат
позитивна семејна историја за тип 2 дијабетес.
Дијабетес по панкреатектомија
Се развива по комплетна панкреатектомија и е поврзан со зголемена склоност
кон хипогликемија.
Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика https://medlineplus.gov/diabetes.html