ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ
Советувајте го пациентот да:
-Го намали внесувањето сатурирани масти.
-Го зголеми внесувањето полинесатурирани и растителни масти наместо сатурирани масти (ннд-А).
-Го намали внесувањето холестерол.
-Ја намали телесната тежина.
-Го зголеми внесувањето диететски влакна (ннд-А).
-Доколку вредностите на липиди не се подобрат со диететска терапија, почнете со
лекови.
ПРЕПОРАКИ
-Масти < 30 Е % од вкупната енергија
-Сатурирани< 10 Е%
-Полинесатурирани 20 Е%
-Диететски холестерол
-250-300 mg/ден
Многу од растворливи влакна (ннд-A)
> 20 g / 1000 kcal
-Намалување на телесната тежина кај обезни пациенти
-Избегнување варено кафе
-Намалување на внесувањето алкохол доколку пациентот има:
-Прекумерна телесна тежина
-Висок крвен притисок
-Хипертриглицеридемија
-Намалување на внесувањето сол кај пациенти со висок крвен притисок.
ОЧЕКУВАНИ ЕФЕКТИ НА ДИЕТЕТСКАТА ТЕРАПИЈА
Намалување на серумскиот холестерол на гладно за 15% кај некои пациенти, но
просек на намалување е 3–6% (ннд-A).
Кај некои пациенти намалувањето на холестеролот може да биде и до 30%.
Ефектот од диетата врз липидните концентрации е забележлив за 6 недели и достигнува максимум за 3 месеци.
ДИЕТЕТСКА ТЕРАПИЈА ВО ПРАКТИКА
-Намалување животински и млечни масти. Советувајте го пациентот да:
-Користи обезмастено млеко
-Користи други нискомасни млечни продукти
-Користи нискомасни месни продукти, риба, пилешко без кожа и сосови со малку маснотии
-Да избегнува храна богата со масти и млечни масти
-Месо богато со масти и млечни масти
-Внатрешни органи
-Јајца
-Ја намали прекумерната тежина со хипокалорична диета (многу нискокалорична
диета, доколку е потребно) и физичка активност.
-Го зголеми внесувањето растителни влакна (ннд-A).
Се препорачуваат:
-Зеленчук, разни растителни корени,
-Овошје и зрнесто овошје
-Да се приготвува храна без додаток на масти
-Користење филтер-кафе наместо варено кафе.
-Извор на енергија во замена за масти да се користат јаглени хидрати: компир, снегулки, ориз, тестенини, овошје, зеленчук и растенија со корен.
-Физичка активност три пати неделно е поврзана со мала но значајна редукција на
холестеролот и на триглицеридите
https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf